Не очекува есен со просечни температури и врнежи

Вообичаена количина дожд и  просечни температури на воздухот не очекуваат оваа есен, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во септември температурата на воздухот се очекува да биде во рамките на просекот, 12 до 14 Целзиусови степени во западните планински делови и нешто повисока во другите региони до 18 степени. Овој месец ќе биде малку поврнежлив на целата територија, освен во североисточниот и северозападниот дел каде не се очекуваат врнежи поголеми од просечните за тие региони.

Во октомври се очекуваат просечни температури од 10 до 14 степени, но постои голема веројатност дека врнежите на целата територија ќе бидат под просечните вредности. Особени пониски количини на врнежи се очекуваат во западниот дел на Македонија.

Просечните вредности на температурата би требало да се задржат и во ноември од 6 до 9 степени, а во западните планински делови се очекуваат пониски температури. Врнежите и во овој месец треба да бидат под просечните, освен во источниот дел на Македонија каде што треба да се постигнат просечните количини (50-100 мм).

Постои веројатност во есенската сезона да се појават периоди со постудено и суво време, како и веројатност за изразени позитивни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата и врнежите.

Метеоролозите не ја исклучуваат можноста дека кон крајот на септември и почетокот на октомври може да има продолжеток на летото, потопол и сув период.

Според историските податоци со кои располага УХМР,  за сезона есен регистрирана е апсолутна максимална температура 39,7 степени во Демир Капија на 5 септември 2015 година, а апсолутно минимална температура (-19,0˚С) е измерена во Берово на 6 ноември 1995 година.

Температурниот опсег на многугодишниот просек 1981-2010 за есента е од околу 8 степени во планинските предели, до 16,9 степени измерени во Гевгелија. Врнежите во овој период биле од 127,0 мм измерени на метеоролошката станица во Штип, до 326,6 мм во Лазарополе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...