Продолжува дебатата во Собранието за извештајот на СЈО

Скопје, 26 септември 2016 (МИА) - Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да ја продолжи расправата за Извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за периодот од 15 март до 15 септември годинава.

На дневен ред на Комисијата е и Годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

Комисиската расправа за Извештајот на СЈО почна во средата минатата недела.

Извештаите  на СЈО и на Јавните обвинителства се на дневен ред и на закажаната за денеска напладне 120 пленарна седница.  

Во Парламентот за денеска се закажани и седници на  Комисијата за финансирање и буџет, на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија и на Законодавно-правната комисија.

Комисиите за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија треба да расправаат за предлог-законите за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија со кредит кај Кредитната банка за обнова („KFW“) по Договорот за кредит за Проектот за наводнување на јужниот регион на Вардар, по скратена постапка  и на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова - КфВ по Договорот за заем за проектот „Наводнување на јужната долина на реката Вардар – фаза II“, по скратена постапка, во второ читање. Законодавно-правната комисија треба да го разгледа и Предлог - законот за дополнување на Законот за водостопанство, по скратена постапка, во второ читање.

На седницата на Буџетскиот совет на Собранието на дневен ред е Предлог-буџетот на Република Македонија за 2017 година, во второ читање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...