Роберт Вилсон почесен доктор на ЕФТА Скопје, 26 септември 2016 (МИА) - Едно од најголемите имиња на светскиот театар Роберт Вилсон, денеска ќе биде прогласен за Doctor Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје.
Според програмата, театарските уметници од Македонија преку видео ќе го поздрават Вилсон и ќе се презентира дел од документарниот филм на Саша Голдман за Роберт Вилсон. Поздравни беседи ќе имаат ректорот на УАУ ЕФТА Јордан Пленеш и Роберт Вилсон.
Церемонијата ќе се одржи во Македонскиот народен театар во 17:30 часот. Влезот е слободен.
|