Преку обуки за иновации и претприемништво до вработување

Скопје, 26 септември 2016 (МИА) - Обука на тема „Иновации и претприемништво“ наменета за невработени лица на возраст од 25 до 45 години, кои имаат потреба или сакаат да го надградат своето знаење во областа на претприемништвото, во наредните четири дена ќе се спроведе во Скопје во рамки на  проектот „Пат до вработување - развивање нови вештини и знаења за невработените лица“ што го спроведува Тренинг центарот Ц.Е.С.

Обуката е финансирана преку програмата „Еразмус плус“ на Националната агенција за европски образовни програми, чија цел е да се поттикнат иновативноста и креативноста кај невработените лица, да се запознаат со темите и предизвиците во областа на претприемништвото и да се охрабрат да развијат сопствени идеи и иницијативи за социјално претприемништво. 

Проектот се спроведува со партнер организации од Полска, Бугарија и Романија, а учесниците на обуката имаат можност да ги споделат своите искуства со искуството на невработените лица од овие земји.

Нашата порака е, потенцираат од Тренинг центарот Ц.Е.С, да се земе малку поактивно учество во развојот на сопствени бизниси. 

- Работиме согласно барањата на пазарот на трудот и барањата на лицата кои бараат вработување. Пазарот на трудот бара континуирани обуки, зајакнување на капацитетите и на ресурсите со кои се работи, како и надградба на вештините кои се стекнуваат во текот на работењето, велат од Ц.Е.С, Центарот што  го промовира и развива концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...