„Збркана сказна“ од Киро Донев објавена на украински јазик

Скопје, 26 септември 2016 (МИА) - Издавачката куќа „Тврдина“ од Луцк – Украина, неодамна го објави романот за деца „Збркана сказна“ на македонскиот писател Киро Донев. Преводот на украински јазик е на Ана Багрјана, украинска писателка и преведувачка, која е и автор на цртежите во книгата.
 
„Збркана сказна“ првпат е објавена во 1986 година, откако е наградена на анонимен конкурс на „Детска радост“. Освен на украински јазик, оваа книга досега е преведена и објавена и на српски, турски и на бугарски јазик.
 
Истиот издавач од Украина претходно ја објави и книгата „Весел зоо парк“ на Киро Донев – и двете со поддршка на конкурсот за странски издавачи на Министерството за култура на Република Македонија.
 
До крајот на годинава „Тврдина“ од Луцк на украински ќе објави уште една книга на Киро Донев – романот за деца „Јамболија што лае“, исто така во превод на Ана Багрјана, која последниве години интензивно преведува дела од македонски автори на украински јазик.
 
Три преводи на книги на Киро Донев до крајот на 2016 година треба да бидат објавени и во Бугарија. Тоа се: „Приказни за годишните времиња“ (избор раскази), „Четириножните рицари“ и „Весел зоо парк“.
 
Инаку, Киро Донев (1942, Моноспитово, Струмичко) е автор на четириесетина книги за деца, пред сè прозни дела: романи, раскази, гатанки, повести, пиески и сликовници. Тој е еден од најпопуларните и најчитаните македонски автори за деца од помала возраст. За своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди во Република Македонија. Негови дела се преведени на десетина јазици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...