Шукарова гостува во Љубљана со „Техники на манипулација на движење“

Скопје, 26 септември 2016 (МИА) - Со делото Техники на манипулација на движење, дел од проектот Динамик Спејсис, Искра Шукарова од 26 до 30 септември ќе гостува во Љубљана, Словенија. 

- Шукарова е поканета во Љубљана да го претстави своето најново дело Техники на манипулација на движење како дел од проектот Динамик Спејсис. Оваа соработка ќе биде реализирана на покана на Грегор Камникар кој е дел од колективот Институт Федерација (www.federacija.net) која пак во соработка со колективот. Циркулација 2 (www.cirkulacija2.org) го претставуваат проектот насловен Динамик Спејсис кој ќе се одржи во просторот Циркулација 2.

Шукарова во делото Техники на манипулација на движење испитува методи за генерирање на движење во однос на релацијата кореограф-изведувач.

Публиката е сведок на веќе етаблираните ролји на кореографот како креатор и на изведувачот како некој кој ги извршува зададените движечки форми. Целта на делото е да ги претстави различните перформативни релации, поточно механизмите на моќ/манипулација преку односот на кореографот и изведувачот во форма на перформативен процес отворен пред публиката.

Во делото учествуваат Искра Шукарова, Викторија Илиоска и Елена Ристеска од Македонија, додека соработник на драматуршкиот концепт е Ана Вујановиќ од Србија. сст/са/10:52

###

Гостувањето во Љубљана на Шукарова е подржано од страна на Министерство за култура на Р. Македонија.

Делото Техники на манипулација на движење беше подржано од мрежата АПАП и ЕУ програмата за култура во Берлин во 2015, каде беше претставено во Танцфабрик во Уферстудиос. Оваа соработка беше дел од колаборацијата на Локомотива и мрежата АПАП.

Досега делото беше претставено во Скопје на фестивалот Локомоушн 2014,  како и на фестивалот Ко-фест во Скопје 2016.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...