Кавадарци одбележа 40 години од смртта на Бадев

Кавадарци, 26 септември 2016 (МИА) - Во организација на кавадаречката музеј галерија и Локална самоуправа Кавадарци, синоќа во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ беа одбележани 40 години од смртта на Никола Бадев, бард на народната музика во Македонија.

Говорејќи за животот и делото на Бадев, Илија Неделков-Ограјски меѓу другото нагласи дека тој бил и композитор и собирач на народни песни, застапен во Македонската енциклопедија.

- Репертоарот на Никола Бадев беше разновиден. Пееше лирски народни песни, шеговити, комитски, партизански, печалбарски, додаде Неделков.

Пред присутните се обрати и неговата ќерка Роска Бадева.

Во музичкиот дел од академијата настапија КУД „Никола Бадев", пејачката група „Лоза" при Здружението на пензионери, КУД „Васил Хаџиманов", Сузана Бадева-Рафајловска, Радица Костадинова, Петре Пењушков и Блаже Богев. Се претставија и професори и ученици од основното музичко и балетско училиште „Лазо Мицев-Рале.

Како што информира денеска историчарот Мики Камчевски, Бадев е роден во селото Глишиќ на 8 август 1918 година во земјоделско семејство. Со неполни 10 години започнал скришум да свири на виолина, а во неговите почетоци во музичката наобразба многу му помогнал неговиот вујко Васил Неделков, кој пак самоуко свирел на неколку музички инструменти.

Уште како млад, како и поголемиот дел од младите луѓе, го сакал многу спортот, особено фудбалот, а во фудбалскиот клуб “Југославија“, играл на местото десно крило. Никола се оженил релативно млад и во бракот со Милка имаал три деца. Ристо, Роска и Сузана. Воениот рок го служел како војник на старата југословенска војска, каде го затекнал и почетокот на Втората светска војна. Бил симпатизер на НО движење, а во редовите на НОВ се вклучил во септември 1944 година како борец-болничар во Втората македонска ударна бригада.

- По завршувањето на војната Никола завршил курс за медицински техничари и болничари и се вработил како санитарен инспектор-хигиеничар во Кавадарци. Во Кавадарци и пошироката околина Никола Бадев веќе бил познат како пејач, а неговиот убав и пријатен мекамлиски глас, многумина кавадарчани сакале да го слушнат на свадбите и другите организирани забави и другарски вечери во Кавадарци, вели Камчевски, кој е професор по историја во кавадаречката гимназија "Добри Даскалов".

По освојувањето на првото место на Фолклорниот фестивал во Скопје во 1948 година, Никола Бадев оставил многу силен впечаток кај големиот македонски етномузиколог и мелограф Васил Хаџи Манов. Со негова препорака и по негова сугестија, Никола ја започнал својата професионална кариера како пејач и инструменталист на тамбура во 1950 година. Набргу потоа тој станал и член на Народниот оркестар, а нешто подоцна и негов раководител. Забележан од тогашните познати македонски етномузиколози, Никола Бадев набргу станал и член на Државниот ансамбл за народни песни и игри “Танец“ од Скопје, па го афирмирал македонскиот мелос ширум светот. За потребите на Радио Скопје Никола Бадев имал снимено повеќе од 500 македонски народни песни, меѓу кои и антологиските:“ Збогум мајко, јас отидов“, “Ој Јано Јано“, “Параходот ми пристигна“, “Тешка беше нашата разделба“, “Билјана платно белеше“, “До три ми пушки пукнаа“, “Ферман дојде џанам од Стамбола“, и други. Никола има снимено дуети со Анка Гиева, Васка Илиева, Есма Реџепова, Благој Петров-Караџуле, Александар Сариевски и други.

Својата прва грамофонска плоча Никола Бадев ја снимил за продукцијата за грамофонски плочи “Југотон“, а тоа била песната "Тешка беше нашата разделба“.

- Никола Бадев е една исклучителна појава во интерпретирањето на македонската народна песна. Тој беше и остана човек од народот и негов исклучителен претставник. Неговото вклучување во ансамблот на Радио Скопје му овозможило на овој талентиран народен пејач да го изгради и култивира својот исклучителен глас. Во тоа нешто многу му помогнале етномузиколозите Васил Хаџи Манов и Живко Фирфов, со што успеал да го издигне до највисок степен афирмирањето на изворниот народен мелос, вели Камчевски.

За време на својата долга и плодна кариера, Бадев бил добитник на голем број награди и признанија, меѓу кои и тиражните сребрена и златна плоча на РТВ Белград.

Умрел во Скопје во 1976 година, на 58 годишна возраст.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...