Регионален саем на врвни производи од Вардарскиот регион

Скопје, 26 септември 2016 (МИА) -  Четвртиот регионален саем на мали бизниси од Вардарскиот регион денеска и утре ќе се одржи во Скопје, на кој средни, мали и микро бизниси од овој регион ќе ги промовираат своите производи. 

- Вардарскиот регион не e само ризница на добро препознатливи вкусови, туку е имиџот и надворешната проекција за Македонија со која сите се гордееме. Есенски вргањ, сушен и свеж, месо и сувомеснати  деликатеси, кашкавали и сирења со европски признанија за квалитет и секако виното кое се конзумира од Њујорк до Токио, наведуваат организаторите.

Програмата опфаќа средби со производителите и дегустација на деликатеси во текот на целиот ден. Денеска во 18 часот балерини ќе го изведат перформансот балет на грозје - газење на грозје во живо, со што ќе го одбележат почетокот на винската сезона за оваа година. Дегустацијата на нови вина од мали и веќе етаблирани винарии од Тиквешијата започнува од 18 часот. Финалниот подарок за посетителите е предвиден истиот ден во 21 часот кога започнува концертот на една од најпопуларните македoнски џез бендови, групата „Фирс”.

За време на овој дводневен фестивал на вино и деликатеси ќе биде претставена новата винска рута во Тиквешијата која ќе ја збогати понудата на алтернативниот туризам, и опфаќа посета со велосипед на винариите: Тиквеш, Стоби, Попов, Бовин, Попова Кула и здружението Винотек (мали егзотични винарии). 

Регионалниот саем на врвни производи од Вардарскиот регион ќе се одржи во просториите на Јавна соба, а влезот е бесплатен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...