Претставници на грчката дијаспора во САД повторно се сретнале со Нимиц

Атина, 26 септември 2016 (МИА) – Претставници на грчката дијаспора во Америка, минатата недела повторно се сретнале со медијаторот Метју Нимиц, информираат некои грчки медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Грците во САД подолго време водат кампања за повлекување на одлуката на американската администрација од ноември 2004 година со која го призна уставното име на Република Македонија.

Организацијата на Грците во Америка, „Пан-Македонска асоцијација“ во април годинава поднесе петиција до администрацијата на Обама со која бара „да се повлече Извршната наредба од страна на администрацијата на Буш од 2004 година, со која земјата ‘ПЈРМ’ ја признава како ‘Република Македонија’".

Веднаш потоа, грчкиот весник „Контра Њуз“ напиша дека претставници на грчката дијаспора се сретнале со медијаторот, при што „Нимиц ја призна грешката на Џорџ Буш, а и високи претставници на американската политиката денес го признаваат погрешниот чекор од 2004, правдајќи се дека биле под илузија дека ќе го олеснат постигнувањето договор меѓу двете држави“.

За последната средба меѓу американските Грци и Нимиц, не се соопштуваат други детали, освен дека е дел од „кампањата на Грците во Америка за повлекување на погрешната одлука на Владата на САД од 2004 година за привремено признавање на Скопје под името ‘Македонија’ која продолжува на повеќе нивоа“.

И грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, за време на престојот во Њујорк, минатата недела се сретна со претставници на грчката дијаспора кои го информирале за текот на нивната кампања во врска со името на Македонија. Коѕиас исто така имаше и средба со медијаторот Метју Нимиц, за која досега не се соопштени никакви детали.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...