Во Комисијата за политички систем треба да продолжи расправата по извештајот на СЈО

Скопје, 27 септември 2016 (МИА) - Во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да продолжи расправата по Извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство.

Седницата вчера беше прекината поради немање деловнички можности за работа, откако специјалната јавна обвинителка Катица Jанева ја напушти седницата на Комисијата и најави дека ќе дојде само на Пленарната седница на која ќе биде разгледуван Извештајот за работата на СЈО.

Јанева рече дека не се враќа повеќе на седницата бидејќи пратениците и прават класичен мобинг.   

Комисиската расправа за Извештајот на СЈО почна во средата минатата недела.

На дневен ред на Комисијата е и Годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

Во Собранието денеска седници ќе одржат и Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за култура, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Комисијата за надворешна политика и Законодавно-правната комисија.

На Комисијата за образование, наука и спорт на дневен ред е     Предлог - закон за вработување на сто најдобри дипломирани студенти на јавните универзитети во Република Македонија во второ читање и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за култура е Предлог-одлуката за одржување надзорна расправа на тема „Оценка на состојбата со природното и културното наследство на охридскиот регион“. На Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство Предлог - законот за дополнување на Законот за водостопанство во скратена постапка.

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе расправа  за Размена на искуства помеѓу жени политичари од  Република Македонија и Северна Ирска и Комисијата за надворешна политика    за Предлог - законот за ратификација на Спогодбата за соработка за прашања од областа на Европската интеграција, помеѓу Владата на Република Македонија, претставена од Секретаријатот за европски прашања и Владата на Република Косово, претставена од Министерството за европска интеграција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...