Македонија домаќин на Есенската сесија на ПС на ОБСЕ

Скопје, 27 септември 2016 (МИА) - Од 29 септември до 2 октомври Собранието на Република Македонија ќе биде домаќин на Петнаесеттата есенска сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), на која се очекува учество на делегации од 51 земја учеснички во ОБСЕ од Европа, Централна Азија и Северна Америка, и земји партнери за соработка со ОБСЕ. Во работниот дел на сесијата ќе се одржи седница на Постојаниот комитет, Парламентарна конференција „Зајакнување на мерките за зградење доверба и добро владеење во регионот на ОБСЕ„ и Медитерански форум. 

- Есенските сесии на ПС на ОБСЕ се организираат со цел зацврстување на интерпарламентарниот дијалог за значајни и актуелни теми, поврзани со обврските и вредностите на ОБСЕ, рече на денешната прес-конференција потпретседателката на македонското Собрание Рената Тренеска Дескоска.

На есенската сесија што ќе се одржи во Македонија, информира таа, се очекува да учествуваат делегации од 51 земја. Досега, пријавени се 370 учесници, од кои 220 се пратеници, со што, според Тренеска Дескоска, ова е најголем партаментарен настан организиран во Република Македонија.

На отворањето на есенската сесија на ПС на ОБСЕ, на 30 септември, меѓу другите ќе се обрати и Кристин Мутонен, претседател на ПС на ОБСЕ. На сесијата, се очекува да учествува и Ламберто Зениер, генерален секретар на ОБСЕ, кој ќе се обрати на седницата на Постојаниот комитет што ќе се одржи на 1 октомври.

На Парламентарната конференција „Зајакнување на мерките за зградење доверба и добро владеење во регионот на ОБСЕ“, ќе се работи во три сесии на теми за „Доброто владеење како основа за поттикнување на економскиот развој во регионот на ОБСЕ“, „Развој на демократските вредности и институции и човековите права во ЈИЕ: улогата на ОБСЕ“, и „Подобрување на управувањето со меѓународната миграција“, врз основа на човековите права“.

Работниот дел на на Есенската сесија на ПС на ОБСЕ ќе почне на 30 септември со седница на Медитеранскиот форум на тема „Промовирање на безбедноста и соработката во Медитеранот“.

- Со оглед на тоа што една од главните цели на ПС на ОБСЕ е поддршка на јакнењето и консолидацијата на демократските институции во земјите учеснички, а имајќи предвид актуелните политички и правни проблеми со кои е соочена Република Македонија, за нас како пратеници уште поголем е предизвикот да бидеме домаќини на оваа сесија, рече Тренеска Дескоска.

Во ПС на ОБСЕ членуваат 323 членови на парламентите од 57 држави учеснички во ОБСЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...