МВР Билтен

Скопје, 27 септември 2016 (МИА) - На 26.09.2016 година  во  18.20 часот во Скопје на ул. „Охридска“, во  куќата сопственост на М.А., непознат маскиран сторител со закана со нож извршил разбојништво над истата.

МВР денеска соопшти дека сторителот и одзел 2.500 денари по што побегнал од местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 25.09.2016 година околу 21.00 часот во Скопје на ул. „Втора Македонска Бригада“, непознато лице пукало кон А.Ј. (21) од село Арачиново. Притоа, А.Ј.  се здобил со прострелна рана во пределот на левата потколеница и скршена коска. Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје, при што на местото биле пронајдени траги од крв и 14 чаури. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачот и за целосно расчистување на случајот.

На 26.09.2016 година  околу 15.30 во Скопје, на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“, Б.Ј., А.Ј. и А.Б. биле физички нападнати од Ј.Н. и две непознати машки лица. Едното непознато лице со огнено оружје го удрил Б.Ј во пределот на главата, а А.Б. бил нападнат со тупаници и со остар предмет,  при што се здобил со расекотини во пределот на стомакот. На повредените им била укажана лекарска помош во Градската општа болница Св.„Наум Охридски“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно  расчистување на случајот.                                        

На 26.09.2016 година околу 20.25 часот на магистралниот пат Гостивар-Тетово непознато возило со непознати регистарски ознаки, управувано од непознат возач,  удрило во пешакот О.Н. (78) од село Горна Бањица, гостиварско.  Од здобиените повреди пешакот починал на местото на настанот. Смрт констатирал  лекар од итна медицинска помош. Увид извршила увидна екипа на СВР Тетово.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

МВР денеска соопшти дека на 22.09.2016 година околу 14.00 часот, при вршење на службени дејствија во село Дрен – подигање на бесправно исечени огревни дрва од страна  на шумарите Ѓ.П. и Т.Ј., кои со камион од Македонски шуми требало да ги пренесат во складот, биле спречени во дејствието на тој начин што до нив застанало патничко возило со кое пристигнале три лица, кои со сериозни закани по животот ги спречиле во намерата да ги товарат сите дрва. После тоа само натоварените дрва во количина од 5,6 кубни метри биле однесени во складиштето на Македонски шуми, а останатите поради личната безбедност на шумарите биле оставени на местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

СВР Битола поднесе кривична пријавапротив В.Т. (31) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Пријавениот на 27.04.2016 година во периодот од 09.00 до 09.15 часот, користејќи го отсуството на оштетениот В.Г. (24) од канцеларијата на подрачната единица на Министерството за труд и социјала, одзел лаптоп компјутер од работната маса. На тој на оштетениот му предизвикал штета од околу 30.000 денари.

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.И. (57) и А.Т. (36), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Првопријавениот од 20.03. до 20.05.2016 година, со лажно прикажување на факти и покажување на службена легитимација, му ветил на Р.К. (54) од Битола дека ќе го вработи неговиот син како полицаец и во повеќе наврати му зел 223.200 денари за услугата. Второпријавената на 20.05.2016 година, со лажно претставување дека работи во Катастар во Скопје, заедно со првопријавениот го довеле во заблуда пријавителот дека ќе му посредуваат во судски спор за нива и дека истиот ќе биде решен во негова корист за што им дал 186.000 денари. На овој начин на пријавителот му причиниле материјална штета од околу 409.200 денари.

НК за КР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Ш. (34) од Битола, управител на правното лице ДПТУ „Компани Бела“ ДООЕЛ Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правото од работен однос“. Д.Ш. во својство на управител на наведениот правен субјект на лицата В.К., А.С. и Т.Ѓ., сите од Кичево, им ги повредил правата за засновување на работен однос и вклучување во задолжително социјално осигурување на тој начин што во периодот од април 2015 година до 2016 година ги ангажирал на работно место „такси возач“ без да склучи договор за вработување. При вршење на редовна сообраќајна контрола од страна на полициските службеници оштетените се затекнати како управуваат такси возила сопственост на наведениот правен субјект.

НК за КР Ресен поднесе кривична пријава против И.М. (53)од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Пријавениот на 28.08.2016 година околу 22.00 часот, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата сопруга, давејќи ја со раце. Откако истата успеала да го оттурне од себе, почнал да ја удира со рацете во пределот на главата, а ја удрил и во шкафот со што и нанел видливи телесни повреди.

НК за КР Кочани поднесе кривична пријава против пет лица на возраст од 20 до 38 години и еден 15 годишен малолетник, сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека сториле осум кривични дела „тешка кражба“, едно кривично дело „тешка кражба во обид“ и  2 кривични дела „кражба“. Пријавените во периодот од 16.01.2016 до 28.08.2016 година на подрачјето на ПС Кочани со употреба на подесен предмет влегувале во куќи, подруми, продавници и магацински простории од каде одзеле телевизори, кутии со разновидни цигари, ДВД плеери, пари, мобилни телефони, разни алати, и многу други предмети со што причиниле материјална штета од 263.050 денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...