Скопје, 27 септември 2016 (МИА) - Во Скопје на ул. „Козле“ во 00.30 часот е ограбена бензинската пумпа на „Макпетрол“.
Како што соопшти денеска МВР, непознат маскиран сторител со закана со пиштол извршил разбојништво над вработен на бензинската пумпа.
Сторителот одзел 4.000 денари по што побегнал од местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.