Прилепско Беровци доби градинка

Скопје, 27 септември 2016 (МИА) - Дваесеттина деца ќе бидат згрижени во новата градинката во прилепско Беровци, која денеска беше пуштена во употреба во присуство на дополнителниот заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Спасов истакна дека еден од приоритетите на Владата и на Министерството за труд и социјална политика е обезбедување на современи услови за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.

- Една од формите на којашто активно работевме во изминатиов период за опфат на деца од предучилишна возраст е отворањето нови групи во други просторни услови, се со цел достапност на услугата и за децата во руралните средини. Мрежата на јавни детски градинки во наредниот период ќе биде проширена ширум земјата бидејќи наша заложба е сите деца да имаат можност за згрижување и воспитание, независно од местото на живеење, а ние како Министерство ќе направиме сè за тоа да им го овозможиме, истакна Спасов.

Градоначалникот Ристески информираше дека општината вложила еден и пол милион денари за адаптација на просторот и за инвентарот.

- Новата градинка во населеното место Беровци, многу ќе и помогне на општината за згрижување на децата од претшколска возраст. Реализацијата ја чинеше општината 1,5 милион денари за инвентарот и градежните работи. Во соработка со Министерството за труд и социјална политика во континуитет ги прошируваме капацитетите. Лани во селото Тополчани отворивме градинка, за 100 деца се прошири капацитетот во постојната градинка во населбата Бончејца. Се надевам до крајот на оваа и почетокот на идната година уште 150 деца ќе бидат згрижени во претшколски институции зашто при крај е изградбата на објектите во населеното место Канатларци, а треба да биде отворена градинка и во Големо Коњари, нагласи Ристески.

Во меѓувреме, како што додаде, ќе се вложат и 3 милиони денари во адаптација на простор за градинка во ОУ „Рампо Левката“ во Прилеп. - На Прилеп му треба и градинка со голем капацитет и ќе се гради во населбата Точила со што треба да биде решен проблемот со сместување на децата од претшколска возраст, посочи Ристески.

Градинката ќе поседува канцеларии за персоналот, санитарии за децата и персоналот и влезна партија. Дворното место ќе биде уредено со спортски терени, училници на отворено и простор за одмор. Со ваков инфраструктурен зафат ќе им се олесни работата и децата и на родителите од населеното место Беровци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...