Димовски: Катица Јанева е апсолутно должна да присуствува на седниците на Комисијата

Скопје, 27 септември 2016 (МИА) - Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е должна да поднесува извештаи, да присуствува и да ги образложува своите извештаи пред Собранието на Република Македонија и пред неговите работни тела онака како што предвидува Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија и онака како што е апсолутната пракса, без исклучоци, за десетици и десетици државни институции и тела, одговорни за својата работа пред Собранието на Република Македонија, изјави на денешната прес-конференција во Собранието на РМ координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

- Сакам да ве потсетам дека госпоѓата Катица Јанева, сама достави допис дека ќе биде на располагање на Собранието во периодот од 19 септември до 30 септември, што ние колегијано и принципиелно кажавме и бевме спремни да го почитуваме, но очигледно нема самата да го испочитува, рече меѓу другото Димовски. 

Според него, СДСМ, СЈО, шаренити платени демостранти на Сорос и Катица Јанева се усогласени и координирани во планот, вели, како Катица Јанева да биде извлечена од обврската да дебатира, дискутира и поднесува одговорност пред Собранието на Република Македонија.

- На СДСМ и на другите совршено им е јасно дека СЈО не е ниту непристрасно, ниту е објектнивно, ниту ги почитува и заштитува слободите и правата на човекот и граѓанинот, нити пак својата работа ја врши законито, ниту во вршењето на својата функција обезбедува еднаквост на граѓаните пред законот, како што налага членот 5 од Законот за јавно обвинителство. На СДСМ им е совршено јасно дека ова СЈО и тимот кој го раководи ниту се држи до законите, односно ги прекршува, ниту има капцитет и квалитет во својата работа, ниту има ефикасност. СДСМ и Катица Јанева не сакаат јавноста да има увид и да знае како работи оваа институција бидејќи свесно ги прекршува законите, посочи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Димовски истакна и дека осум пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија досега поставиле вкупно 119 прашања до СЈО, од кои биле одговорени само 23 прашања, или помалку од 20%, а одговорите, рече, не доликувале на сериозна државна институција.

- Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ инсистира госпоѓата Јанева да се врати на седница на Комисијата за политички систем зошто тоа е нејзина одговорност според Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието. Инсистираме СЈО да достави комплетен и целосен Извештај во кој ќе има информации каде се потрошени 60.000.000 денари за кои Катица Јанев одбива да даде одговор. Инсистираме Катица Јанева да ја повлече и да се извини за изјавата дека Собранието на Република Македонија не е легитимно, рече Димовски.

Доколку СЈО и Катица Јанева не постапат во согласност со Уставот и законите, тој потенцира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија воопшто нема да прифати разгледување на какви било барање и предлог од страна на СЈО.

- Ние сме повторно спремни за договор околу времетрањето на дискусиите и репликите и сме спремни расправата за Извештајот на СЈО да заврши во рамки на неколку дена, но ќе инсистираме на донесување собраниски заклучоци во кои ќе бидат позиционирани и сите пробелми, нелогичности и недостаток од информации во Извештајот на Катица Јанева, по кои заклучоци понатаму ќе може да се произнесуваат сите надлежни институции, порача Илија Димовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...