Струмица ја промовира социјалната карта на општината

Струмица, 27 септември 2016 (МИА) - Центарот на заедницата на Струмица, денеска ја промовираше социјалната карта, прв ваков документ кој на едно место ја дава социо-економската и демографска слика на општината.

Станува збор за едногодишен проект дел од концептот „Општина по мерка на граѓаните“ што се спроведува од 2014 година.

- Направивме регистар за социјални услуги. Во самата карта се опфатени статистички податоци кои се прибирани од последниот попис од различни институции ФЗОМ, ПИОМ, потоа податоци и препраки добиени од фокус групи, од претседатели на месни и урбани заедници. Ова е важен документ што ќе им помогне во понатамошната работа и на општинската администрација, на невладиниот сектор, вели Горан Сајчевски од Центарот заедници на Општина Струмица.

Експертите посочуваат дека социјалната карта содржи и конретни препораки за да се делува во областите каде се констатирани слабости.

- Со оваа карта ги идентификуваме постојните социјални услуги, но ги мапираме празнините, за да им се излезе во пресрет. Самата социјална карта прави кратка анализа, во повеќе области, домување, образование, здравестена заштита, пензиско и здравствено осигурување. Врз основа на официјалните податоци и анализа на документите за сите овие области има препораки. За да се излезе во пресрет на сите ранливи групи, вели Санела Шкријељ, експерт од областа на социјалната заштита и автор на социјалната карта.

Од Центарот на заедниците велат дека во делот на мапираните проблеми во делот на детста заштита е потребата од нови градинки, кои локалните власти најавуваат дека ќе ги прават во руралните средини, како и вклучување на децата од сите етнички групи во институциите за предшколска возраст. Истовремено, во делот на економската активност, социјалната карта покажува дека жените од руралните средини воопшто не биле пријавени во Центарот за вработување или пак биле регистирани како пасивни баратели, со што ја губат можноста за користење на активните мерки и програми за вработување.

Изработката на социјалната карта на Општина Струмица е поддржана и од Институтот Отворено општество на Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...