Во Штип инфо ден на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Штип, 28 септември 2016 (МИА) - Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска во Штип организираше Инфо ден за Програмата Ерзмус плус, со која ќе можат да аплицираат и да добијат европските средства за проекти со училишта од други земји или наставниците да си до усовршат своето образование и да стекнат нови знаења.

Соња Николова од Одделението за образование во Општина Штип информира дека на денешниот Инфо ден присуствувале наставници и претставници од петте основни, четирите средни училишта и од детските градинки со цел да слушнат и да бидат информирани за можностите кои им ги дава Програмата Еразмус плус.

- Целта ни е да се запознаат  сите субјекти што можат да аплицираат на ваквите програми, односно оваа насловена на Еразмус плус, а која што предвидува убава финасиска поддршка. Станува збор за Програма во износ од седум милиони евра, за разлика од 2016 година, кога фиансиската поддршка на проектите изнесуваше 4.500.000 евра, вели Николова.

Таа истакна дека на денешниот Инфо ден на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност своја презентација имаа и Советот на млади на Општина Штип, кои досега имаат реализирано неколку проекти токму преку Еразмус плус програмата.

- Наставниците и училиштата во рамки на оваа програма ќе можат да аплицираат за добивање грантови за  унапредување и професионален развој  на наставниците, за што и ние како одделение сме многу заинтересирани да им дадеме една целосна поддршка на основните и средните училишта и наставниците и вториот дел се наменети за средства  за стратешко партнерство, каде што ќе има едно училиште од градот, а на пример ќе се поврзи со две училишта од други земји, појасни Николова.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност вакви Инфо денови за Програмата Еразмус плус ќе организира и во други општини во земјава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...