Средба на министерот Спасовски со италијанскиот амбасадор Ромео

Скопје, 28 септември 2016 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Италијанската Република, Карло Ромео.

Спасовски, соопшти денеска МВР, му упатил честитки на амбасадорот Ромео за назначувањето, со желба во периодот на неговиот мандат да се продлабочи соработката помеѓу двете држави и се заблагодари на поддршката од Италијанската Република во напорите за надминување на политичката криза во Република Македонија. 

Амбасадорот Ромео ја нагласил добрата соработка со Република Македонија и изразил подготвеност таа  и натаму да се развива со ист интензитет.

Тој нагласил, стои во соопштението од МВР, дека Италија како држава пријател ќе продолжи да ја поддржува Република Македонија во интегративните процеси во ЕУ и НАТО, како и во справувањето со предизвикот за организирање фер и демократски избори и во креирањето на новите реформи во државата бидејќи граѓаните го очекуваат тоа. Амбасадорот се осврнал и на мигрантската криза и изразил подготвеност за помош за успешно справување со овој проблем.

Министерот Спасовски се заблагодарил на поддршката и потенцирал дека мигрантската криза е еден од најголемите предизвици со кои се соочи Република Македонија, а во справувањето со него големо значење имала поддршката од земјите од Европската унија.

- Министерот Спасовски истакнал дека во Република Македонија мора да се одржат фер и демократски избори и дека МВР во целост ќе придонесе за тоа да се случи, соопшти МВР.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...