Мира Фурлан член на жирито на фестивалот „Киненова Скопје“

Скопје, 28 септември 2016 (МИА) - Хрватската актерка Мира Фурлан ќе биде меѓу главните гости и почесни членови на главното меѓународно жири на новиот филмски фестивал „Киненова Скопје“, што ќе се одржи од 5 до 9 октомври, на повеќе локации во Скопје.

Како што соопштуваат организаторите на фестивалот, српскиот актер Сергеј Трифуновиќ и неговиот брат и колега  Бане Трифуновиќ ќе бидат гости по повод македонската премиера на филмот „Бурек“, кој е работен во српско-американско-грчка копродукција. Дел од програмата на фестивалот е и филмот „Смрт во Сарајево“, во режија на оскаровецот Данис Тановиќ, кој оваа година беше прикажан како дел од главната програма на Берлиналето. На кино премиерата пред скопската публика ќе гостува младиот актер во подем Мухамед Хавзовиќ, кој игра двојна главна улога во филмот, односно ликот на  Гаврило Принцип и роднина на Гаврило Принцип. 

- Чест ни е што во рамките на првото издание на „Киненова“ можеме да се пофалиме со навистина звучни имиња од областа на филмската уметност. Сакавме на целиот настан да му дадеме тежина со тоа што ќе поканиме еминентни имиња кои ќе бидат дел од жирито, како и наши гости за време на кино проекциите. Се надеваме на успешни фестивалски денови и незаборавно дружење со скопската публика, а оваа пригода ја користам да ги повикам сите љубители на седмата уметност да ни се придружат од 5-9 октомври и да уживаме во авторските филмови кои многу внимателно беа селектирани за првото издание на Киненова, изјави Небојша Јовановиќ, директор на фестивалот.

Главната програма на фестивалот е натпреварувачка и е составена од дебитантски и втори филмови. Предвидени се кино проекции на филмови на млади режисери од Аргентина, Германија, Иран, Америка, Грција, Србија, Бугарија и од Романија. Во текот на фестивалот, ќе се одржи и филмска работилница за развој на краткометражни сценарија под менторство на американскиот скрипт доктор Џон Стивенс. 

Инаку, член на меѓународното жири за главната програма на фестивалот (Официјална селекција на долгометражни филмови, први или втори филмови на режисери) покрај Мира Фурлан е и Галина Тонева, а Разван Радулеску ќе биде претседател. 

Жирито за официјална селекција на кусометражни филмови е во состав Дејан Дабиќ како претседател и Мануела Цернат и Вардан Тозија членови.

Програмата на Киненова ќе биде дисперзирана низ неколку локации и тоа: Кино Култура, Дом на АРМ, Кинотека на Македонија. Билетите ќе чинат по 100 денари, со повеќе опции и попусти за блок набавка, а ќе бидат пуштени во продажба веќе во почетокот на наредната недела. Повеќе информации во врска со фестивалот и програмата има на веб страницата: http://www.kinenova.com/.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...