Во Пехчево ќе се одржи 57-от Државен натпревар на најдобрите трактористи

Пехчево, 29 септември 2016 (МИА) - На 1 октомври, в сабота, Пехчево ќе биде домаќин на 57-от Државен натпревар на најдобрите трактористи во Македонија, во организација на Сојузот за техничка култура во стопанството и на Народна техника на Република Македонија.
 
Како што информираше денеска Живко Каликов, соработник за односи со јавноста од Општина Пехчево, најдобрите земјоделци-трактористи од Македонија на 1 октомври ќе се натпреваруваат во своите вештини на парцела во близина на локалитетот Равна Река.
 
- Почнуваме во 9:30 часот на плоштадот во Пехчево со ревијален дел на учесниците, а натпреварот ќе се одржи на парцела во близина на археолошкиот локалитет Св. Петка. На овој 57 Државен натпревар на земјоделци ќе бидат собрани земјоделци – трактористи од 6 регионални натпревари кои на овој натпревар ќе можат да ги покажат своите знаења и вештини од областа на земјоделската механизација и обработка на почвата. Најдобрите од овој натпревар ќе продолжат да тренираат преку цела година и потоа ќе бидат избрани двајца земјоделци кои ќе ја претставуваат Македонија на светскиот натпревар на земјоделци – трактористи во 2017 година, рече Каликов.
 
Тој ги повика сите заинтересирани земјоделци и други граѓани од целиот регион да присуствуваат на овој несекојдневен настан во Пехчево и да бидат сведоци на умешноста и вештините на најдобрите трактористи од Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...