Почна чистењето на сливовите на реката Црна во Пелагонискиот регион

Новаци, 29 септември 2016 (МИА) - Во Пелагонискиот регион почна чистењето на сливовите на реката Црна. Станува збор за зафат за зголемување на пропусната способност на постоечката каналска мрежа, преку отстранување на вегетацијата и акумулираниот нанос, како и за реконструкција на оштетените делови.

Општината информира дека оваа интервенција е во рамки на Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите и напорите за обезбедување на соодветна заштита од штетното дејство на поплавите на земјоделските површини и населените места во Пелагонија.

- Со средствата од ЕУ ќе бидат исчистени околу 40 километри канали по сливот на Црна Река во Пелагонија. Со овие интервенции, во голема мера ќе се надминат ефектите од повеќедецениското неодржување на инфраструктурата за заштита од поплавите, која дополнително се оштетува од сè почестите поплави, а најмногу од оние кои се случија на почетокот на 2015 година, соопшти општината.

Најголеми штети во пелагонискиот регион претрпеа општините Битола, Прилеп, Новаци, Могила, Кривогаштани и Крушево, во кои беа загрозени домовите на околу 15 илјади лица, а беа поплавени десетици илјади хектари земја.

Програмата на Европската унија ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство во Секретаријатот за европски интеграции, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина, „Водостопанство“ и локалните самоуправи во погодените општини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...