Седницата за пратенички прашања прекината, ќе продолжи во 12:45 часот

Скопје, 29 септември 2016 (МИА) - Собраниската седница посветена на пратенички прашања денеска на самиот почеток е прекината по барање на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски кој побара еден час пауза.

Тој во процедуралната забелешка рече дека од денеска оваа седница може да се нарекува седница за мобинг и оти претставниците на власта имаат право да не одговараат на прашањата на пратениците и да ја напуштат седницата. Ова сознание, како што рече Димовски, го обелоденил еден специјален човек со специјална мисија. 

- Од денес благодарение на новите сознанија кои ги добивме во текот на минатата недела, оваа седница која ние и сите членови на Парламентот во изминатите 25 години ја нарекувавме седница за пратенички прашање, од денес ќе ја викаме седница за мобинг на Парламентот врз Владата бидејќи дознавме дека јавните седници на кои вршителите на јавни функции имаат должност да одговараат пред јавноста, се вика мобинг. Од денеска веројатно би се сметало за нормално доколку премиерот, министрите и замениците министри наместо да одговараат на прашањата, соопштат дека немаат намера да одговараат и да не обвинуваат за мобинг по што би било сосема легитимно, во светло на овој демократски новитет на светско ниво, демонстративно да ја напуштат седницата, рече Димовски.

По барањето на Димовски, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, рече дека ќе даде еден час пауза бидејќи тоа е согласно деловникот за работа, но, како што истакна, секој си одговара за своите постапки. Ги замоли пратениците да бидат коректни и да продолжат со редовниот тек на работа.

Седницата треба да продолжи во 12:45 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...