Грчко МНР: Македонија води политика на одолговлекување во врска со името

Атина, 29 септември 2016 (МИА) - Грчкиот заменик министер за надворешни работи Јанис Аманатидис денеска одговори на неколку пратенички прашања поврзани со Македонија.

Во врска со информациите од почетокот на месецов кои некои медиуми погрешно ги пренесоа дека грчката Влада одлучила да ги укине листовите за македонските државјани на кои граничните власти ставаат печат наместо во пасош, а всушност се работеше за повлекување на претходна одлука со која било забрането да се става грчки печат во пасоши од трети земји во кои го има и печатот на Македонија и да се става печат на посебен лист хартија, Аманатидис истакнува дека нема никакви промени во однос на непризнавањето од грчка страна на македонските пасоши.

Тој нагласува дека сите мора да бидат многу вниателни со „ваквите прашања“ и да не се брза со донесување заклучоцуи.

Аманатидис потсетува дека од 2009 година на македонските државјани не им треба Шенген виза за влез во Грција и оти при влез и излез од земјата, граничнаа полиција става печат на посебен лист хартија, а не во македонските пасоши. Таа практика не е промената и ќе остане. Грција не ги признава македонските пасоши, нагласува грчкиот заменик министер за надворешни работи.

Според него, ова прашање исто така не е никако поврзано со мерките за градење доверба. Тој нагласува дека мерките за градење доверба не можат да доведат до промена во практика во однос на македонски патни исправи.

- Мерките за градење доверба не се поврзани со името. Мерките за градење доверба се производ на наша иницијатива наменета за зајакнување на социјалните и економските односи меѓу Грција и Македонија. Тие придонесуваат за градење доверба. Што се однесува до името, кај соседот мора да созреат услови за да прифати суштински компромис. Во моментов, сепак, властите на пјРМ продолжуваат да ја следат нивната позната политика на одолговлекување, вели во одговорот Аманатидис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...