Министерот за финансии Миновски го посети Централниот регистар

Скопје, 29 септември 2016 (МИА) - Воспоставувањето на двата нови регистри за обезбедени трансакции и функционирањето на проектот „Тендерско досие“ биле главни теми на разговор при денешната посета на министерот за финансии Кирил Миновски на Централниот регистар на Република Макеоднија.

- Министерот Миновски ја поздрави успешната работа на Централниот регистар како клучен за реформскиот процес во делот на подобрување на бизнис-климата во Република Македонија и ја истакна улогата што ја има оваа институција во олеснувањето на условите за водење бизнис и во зголемувањето на сигурноста во правниот промет, соопшти по посетата Централниот регистар.

Директорот на Централниот регистар, Андреа Поповски, кој детално го брифирал министерот за реализираните и тековните проекти што произлегуваат од програмата на Владата, нагласил досегашната плодна соработка со Министерството за финансии како клучен фактор за спроведување на реформите и унапредување на процесите опфатени во делокругот на работа на Централниот регистар.

- Министерот и директорот се заложија за понатамошна успешна соработка во насока на исполнување на барањата на граѓаните и на бизнис-заедницата, со цел спроведување на владините политики за унапредување на условите за водење бизнис, се вели во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...