Николовски ги посети земјоделците во Фурка

Скопје, 30 септември 2016 (МИА) - Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ги посети земјоделците во Фурка, Дојранско. Како што соопшти неговиот Кабинет, земјоделците ги предочиле проблемите со кои се соочуваат на што дополнителниот заменик-министер порачал дека системските мерки се клучот за нивно решавање.

- Неисплатени и ненавремени субвенции, слаб откуп и пласман на грозјето, се проблемите што ги мачат земјоделците од овој крај. Тие бараат и ревизија на веќе доделеното државно земјиште, како и оспособување на хидросистемот за наводнување на потегот од Ѓавачко поле до Дојран. Субвенциите доцнат, откуп и продажба на грозјето нема, а државата не презема никакви мерки да го обезбеди тоа, изјавил Николовски, додавајќи и дека земјиштето не се доделува на вистинските земјоделци.

Според него, државата треба да гарантира сигурен пласман на сите земјоделски производи, а цената да се договара заеднички со откупувачите и земјоделците.

Земјоделците, додава Кабинетот на Николовски, се пожалиле дека државата не покажува никаков интерес да им помогне иако Фурка е земјоделски крај, а побарале и промени со кои ќе имаат, како што напоменале, достоинствен живот.

Дополнителниот заменик-министер потенцирал дека надлежните институции треба да ги земат предвид барањата и сугестиите на земјоделците и во тој контекст предочил дека сите кои незаконски присвоиле државно земјиште и ја оштетиле државата, ќе одговараат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...