Десертното грозје од Тиквешко го освојува и пазарот во Романија

Кавадарци, 30 септември 2016 (МИА) - Околу шест милиони килограми винско грозје се извезени преку царинската испостава од Кавадарци, информира денеска претседателот на Регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија” Љупчо Аризанов. 

- Во најголем дел станува збор за „вранец” како најзастапена црна сорта грозје во Тиквешко. Според нашите сознанија, се извезува во Црна Гора, но и во Албанија, БиХ. Во Србија се носи и мелено грозје или шира. Динамиката на извоз е приближно колку истиот период минатата година. Полека почна извоз и на најзастапената бела сорта „смедеревка”, рече Аризанов.  

Годинава, додаде, првпат било извезено и трпезно грозје за Романија, со што полека се освојува и тамошниот пазар.

- Околу два милиона килограми десертно грозје се извезени само преку царинската испостава Кавадарци. Се работи за сортите „мишел палиер”, „рибиер”, „афусали”, „страшински”. Трпезното грозје од Тиквешијата како најголем лозарски регион во Македонија, патува најмногу за Русија, но и кон Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, додаде Аризанов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...