Ташевска-Ременски: Да им обезбедиме достоинствена старост на старите лица

Скопје, 30 септември 2016 (МИА) - Процесот на стареење е пат кој што го одиме сите и тој пат мора да биде заедничка грижа на сите граѓани, општествени чинители, независно дали се носители на некакви функции, претсатвници на институции... Затоа сите треба да дадеме придонес, да ги срушиме стереотипите и предрасудите и сите да помогнеме старите лица да имаат достоинствена старост, порача министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски по повод Меѓународниот ден на стари лица 1 Октомври.

- Сакам да ги повикам сите општествено одговорни фирми, компании, фармацевтски компании, угостители, образовни институции, граѓани... сите да дадеме придонес кон подобрување на условите во кои престојуваат нашите баби и дедовци, нашите комшии, сограѓани, старите лица, кои очекуваат многу повеќе и од институциите и од граѓаните. Треба и да се надминат предрасудите кои најчесто ги следат старите лица дека ним им поминал животот, работниот век, дека се беспомошни, бескорисни, рече Ташевска Ременски при посетата на Домот за стари лица Мајка Тереза.

Додаде дека на старите лица треба да им се подаде рака, а нашите деца, како што рече, да ги научиме во очите на старите лица да ги гледаат нивните баби и дедовци, а со тоа и да ги срушиме бариерите и стереотипите кои владеат и можеби го предиспомираат однесувањето на институцииите и на граѓаните. На старите, потенцира Ташевска Ременски треба да им се овозможи достоинствена старост, која значи, не само пензија, туку и повисок животен стандард, подобри и подостапни здравствени услоги, поголема грижа од институциите...

- Во таа насока секоја инвестиција во просторот за сместување на стари лица е инвестирање во достоинствено стареење и достоинствена старост. Затоа продолжуваат сите активности во делот на поттикнувањето на институциите на државата и на приватните лица во инвестиција за сместување на старите лица, но исто така и државна субвенција за помош на лицата кои немаат средства и услови да го платат сместувањето во приватните или во државните установи за згрижување лица, рече министерката за труд и социјална политика.

Таа информира дека како Министерство сакаат да ги процесуираат сите понуди кои доаѓаат до оваа институција од одговорни фирми кои сакаат да вложат во инфраструктурата во старските домови, во обнова на најпотребните ресурси кои во моментот се неопходни за Домот за стари лица.

- Станува збор за тоалетите за кои веќе има пројавено интерес од инвеститор кој доброволно ќе вложи во нивно реновирање, но исто така и МТСП по примерот на инвестицијата што ја направивме во старскиот дом во Прилеп кога реновиравме цел приземен дел кој беше несоодветен за престој на старите лица, да направиме и тука неопходна реконструкција највеќе во делот на кровната конструкција и тоалетите, истакна Ташевска-Ременски.

Во моментот во Домот се сместени 68 лица, а капацитетот за згрижување е 110 лица. За да се исполни целиот капацитет, како што рече министерката, треба да се изврши доопремување за да може да се обезбеди примем на нови баратели за сместување во домот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...