Откриена криминална група во Охрид која посредувала за проституција

Скопје, 20 октомври 2016 (МИА) - Петмина охриѓани заедно со две лица од Велес се осомничени за посредување со вршење проституција и трговија со луѓе во Охрид во периодот од јуни до октомври годинава, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Р.А.(1954), поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти“ и „посредување во вршење проституција“, Ф.А.(1990), Д.А.(1961), Б.Н.(1954), З.Д.(1956) сите од Охрид, како и за велешаните О.Ч.(1996) и М.А.(1996) поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, додека Ф.А., Б.Н. и З.Д. се пријавени и за кривичното дело „посредување во вршење проституција“, соопшти денеска МВР.

Првопријавениот во својство на организатор создал криминална група во која членови се Ф.А. (негов син), Д.А. (негова сопруга), Б.Н., З.Д., О.Ч. и М.А. која имала за цел вршење на експлоатација по пат на проституција на женски лица-жртви на трговија со луѓе во временски период од јуни до октомври 2016 година. Тие за износ од 3.000 денари (од услуга) им овозможувале на лица клиенти, користење на сексуални услуги во Угостителски објект „Филип Астор“ во Охрид.

Експлоатацијата по пат на проституција се вршела секојдневно во временски период од 21:00-05:00 часот во просториите на угостителскиот објект, а по барање на лицата-клиенти, женските лица на други локации и објекти се превезувале или со такси возило или пак со возила во сопственост на самите клиенти. Исто така забележани се и случаи кога биле превезувани и со возила од страна на припадниците на криминалната група.

Како што е наведено во соопштението, првопријавениот ги прифаќал, сместувал, превезувал, контролирал, организирал и овозможувал експлоатација по пат на проституција во УО „Филип-Астор“ во Охрид, потоа им давал инструкции на припадниците на криминалната група при организирање и овозможување на лица-клиенти користење на сексуални услуги. Исто така го наплатувал и однапред договорениот износ на парични средства од клиентите.

Потоа второтпријавениот син на организаторот вршел експлоатација по пат на проституција на женските лица, на начин што организирал и овозможувал на клиентите користење на сексуална услуга во просториите на УО „Филип-Астор“, водел контрола и евиденција на бројот на клиенти кои користеле сексуална услуга и вршел наплата на парични средства од сексуалните услуги.

Како што соопшти МВР, пријавените Д.А., Б.Н. и З.Д. имале за задача да ги прифаќаат, превезуваат и контролираат жртвите на трговија со луѓе по дадени инструкции на Р.А.. Исто така пријавените овозможувале на клиентите да користат сексуални услуги, кои во отсуство на организаторот и неговиот син вршеле и наплата на паричните средства од клиентите кои користеле сексуални услуги.

Пријавениот О.Ч. со помош на М.А. извршиле регрутирање на жртвата на трговија со луѓе и со употреба на сила, присилба и закани, искористувајќи ја нејзината состојбата на немоќ и ранливост, со психичко и физичко малтретирање, воспоставиле контрола над неа и ја предале на Р.А. заради експлоатација по пат на проституција во УО„Филип-Астор“ во Охрид.

На 14/15.10.2016 година спроведена е акција со цел разбивање на криминалната група, пришто пријавените лица се лишени од слобода, а врз основа на издадени наредби за претрес на дом и други простории од страна на судија на претходна постапка од ОС Скопје 1 Скопје, извршени се претреси во четири објекти и тоа во домовите кај Р.А., З.Д., О.Ч. и во угостителскиот објект„Филип-Астор“ во Охрид.

При извршените претреси, како што е посочено во соопштението, пронајдени и со потврда се одземени поголем износ на парични средства и тоа 13.350 евра и 3.519 американски долари, персонален компјутер, УСБ, потоа ловна пушка со девет патрони, 18 куршуми за сигнален пиштол, пиштол марка берета со пет куршуми, 10 телефонски апарати, шест уплатници и една исплатница и возило марка Мерцедес.

Од страна на судија на претходна постапка на Р.А., Ф.А., Б.Н. и О.Ч. одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена, а пак на Д.А. и М.А. им е одредена мерка домашен притвор, додека З.Д. не е изведен пред судија на претходна постапка поради влошување на неговата здравствена состојба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...