Фестивал „Златна лира 2016“

Скопје, 21 октомври 2016 (МИА) - Во Музејот на Град Скопје вечер ќе се одржи Фестивалот на музички уметници на Македонија „Златна лира 2016“.

Со дела од Хендл – Халворсен, Ј.С.Бах, Ежен Исаи, Макс Регер, Петер Христосков,  Александро Рола  на фестивалот ќе настапат Евгенија Марија Попова на виолина и Димитар Пенков на виола, двајцата од Бугарија.  

Евгенија – Марија Попова го стекнала првото музичко образование кај проф. Петар Христосков. Добивајќи стипендија, стапува во класата на легендарниот виолинист Леонид Коган на Московскиот конзерваториум „Чајковски“. После дипломирањето со посебна почест во 1981 година продолжува да се усовршува на „Guildhall School“ во Лондон. Во тој период таа освојува високи награди на меѓународните виолинистички натпревари како што се „Карл Флеш“, „Жак Тибо“ и др. 

Попова интензивно концертира на престижни концертни подиуми ширум светот. Таа е редовен професор на Државниот музички конзерваториум во Софија и визитинг  професор на Универзитетот од Сао Пало во Бразил. Свири на виолината „G.Cappa" од 1691 год.  која е сопственост на Бугарија и која и е доделена во 1985 год. како признание за нејзините врвни достигнувања.

Димитар Пенков дипломирал на Државниот музички конзерваториум. Се усовршува на Државната музичка академија во Лондон, во класата на проф. Јифра Ниман (Yfrah Neaman). Од 1977 до 1983 год. успешно делува како солист на Националната концертна агенција во Софија.

Концертира со најпознатите оркестри во Бугарија како на пример Софиската филхармонија, Бугарскиот Национален радио симфониски оркестар, Бугарскиот камерен оркестар, Филхармонијата од Русе и други. Делува како член на Тилев – квартетот во рамки на Бугарското национално радио. Во 1983 година емигрира во Германија каде продолжува неговата концертна кариера. Настапува како солист со познати диригенти. Реализирал голем број на музички записи за радио куќите во Париз, Софија, Цирих и Москва, како и голем број носачи на звук за издавачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...