Акција за чистење диви депониции

Скопје, 21 октомври 2016 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на традиционалната владина кампања „Македонија без отпад“, во соработка со локалните самоуправи и Градот Скопје, други владини институции и колективните управувачи со отпад денеска ги започнува акциите за чистење диви депонии во повеќе општини во државата.  

Изборот на општини и локации е согласно Акциониот план за чистење на диви депонии во пилот општини во Република Македонија за чија реализација е задолжено МЖСПП  на 62 седница на Владата. Идејата е првично да бидат вклучени општини каде има туристички центри, заштитени подрачја, по должина на речни сливови, извори и покрај магистралните и регионалните патишта. При тоа да се искористат постоечките капацитети од надлежните министерства, националните и локалните институции и јавните комунални претпријатија на општините во кои се спроведуваат активностите.

Во првата фаза на активностите вклучени се следните општина Босилово на локациите Штука, Иловица, Дрвош, Сарај, Гечерлија, Старо Балдовци, општина Градско на локациите  Улинци,  Водоврати и  Долно Чичево, општина Дебар  на приградски диви депонии, општина Крушево на локации во село Бучин, општина Маврово и Ростуше  на локации на патот Велебрдо-Требиште во месности викани „во Драгине“, „ Кај воденицата“ и „Враница“, потоа на неколку локации кај Бошков мост и  во должина на  регионален пат околу Мавровско Езеро, општина Ново Село Сушица, Колешино, Борисово, Мокриево, Смоларе, С.Коњарево, Н.Коњарево, Зубово, Мокрино, Дразево, општина Ресен, на регионален пат Макази – Маркова Нога, општина Росоман во близина на мост на Црна Река, општина Сарај и општина Тетово на патот до Попова Шапка.

Министерството за животна средина и просторно планирање очекува преку вакви конкретни теренски активности значително да се подобри состојбата со непрописното одложување на отпадот, намалување на неговото штетно влијание и локализирање на депониите со цел полесна контрола на истите, до формирањето на регионалните депонии. По расчистувањето на сите локации, согласно Законот за управување со отпад, ќе следи и нивна ремедијација (озеленување, уредување) со што ќе се оплемени животната средина и ќе се подигне и јавната свест за потребата од соодветно  одложување на отпадот.

Во оваа прва фаза покрај општините и нивните комунални претпријатија, активно се вклучени Дирекцијата за заштита и спасување, Македонија Пат и Македонски Шуми, колективните постапувачи со отпад и локалната бизнис заедница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...