Зголемено монетарното злато во девизните резерви

Скопје, 21 октомври 2016 (МИА) - Народната банка ја зголеми количината на монетарно злато во девизните резерви на Република Македонија преку постапка на претопување на пригодни ковани пари и дефинитивно одземени златни предмети во монетарно злато.

Од НБРМ информираат дека се зголеми количината на монетарно злато во девизните резерви на Република Македонија за 2.288 унци, односно од 218.875 унци се искачи на 221.163 унци злато.

Како што се наведува во соопштението, Народната банка се стекна со нови 6 прачки на монетарно злато со пазарна вредност од околу 2,6 милиони евра, кое во целост ги задоволува стандардите за квалитет утврдени на пазарот на благородни метали во Лондон.

- Оваа постапка се реализира согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за претворање на пригодните ковани пари во монетарно злато и согласно измените и дополнувањата на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, според кои на Народната банка и беа отстапени дефинитивно одземени златни предмети од Агенцијата за управување со одземен имот, појаснуваат од Народната банка.

Пригодните ковани пари и дефинитивно одземени златни предмети биле испратени на постапка на претопување во швајцарска топилница, по што функционално се претворени во монетарно злато и се вклучени во девизните резерви на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...