Утрово околу 04:27 часот во ЕИК-Скопје, М.С. пријавил дека на бул.„Видое Смилевски-Бато“, односно позади сендвичара на наведената улица, во тревникот лежело непознато лице кое можно е да е починато.
Како што соопшти МВР, екипа од Итна медицинска помош во 05:00 часот констатирала смрт кај скопјанецот М.Т.(1949). Од извршениот увид првично не се забележани траги на насилство. Телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција.