Ќе почне изградбата на пречистителната станица во Струмица

Струмица, 25 октомври 2016 (МИА) - Во Струмица ќе започне изградба на Пречистителна станица за отпадни води, која треба да биде готова до 21 октомври 2017 година.

Одобрението за градба на Пречистителната станица го потпиша градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев. Според него, изградбата на станицата е приоритетна цел на општината, а во англомерацијата влегува градот Струмица, населените места Баница, Добрејци, Сачево, Градско Балдовци, Дабиле, Муртино, Просениково и индстриските зони, Север, Сачево и зоната околу Агрокор.

- Изградбата на Пречистителната станица, која е во целост усогласена со домашното и законодавството на ЕУ е приоритет што ќе доведе до подобрување на состојбите на медиумите на животната средина. Со третаманот на отпадните води ќе се постигне исполнување на барањата поврзани со пристапување на земјата кон ЕУ и почитување на европските препораки и директиви, посочи градоначалникот Заев.

Со оваа цел, Општина Струмица пристапила кон подготовка на проект за изградба на пречистителна станица, кој е финансиран преку ИПА- инструментот за претпристапната помош, компонента 3 - регионален развој во соработка со секторот за ЕУ при Министерството за животна средина и просторно планирање и секторот за централнофинансирани договарања преку Министерството за финансии на РМ.

- Буџетот изнесува 6.581.787 евра што се постигна со тендерирање кое го спроведе Европската унија со претставници на општина Струмица. Од обезбедени 9.800.000 евра ја добивме оваа понуда. Објектот ќе се гради на површина од 55 илјади квадратни метри, а проектиран е да опслужува 55.419 жители. Во фаза на подговотката на техничката документација Општината соработуваше со меѓунараодната консултантска компанија „МИРАЗ“, додаде Заев.

Објектот ќе го гради германската компанија „ВеТеЕ“ во конзорциум со домашната компанија „Вардар градба ДОО“, а за надзор е задолжен меѓународниот конзорциум „Рутекс гарнец“.

Општината од сопствени средства учествувала со кофинансирање на експропријација, изведна водоводна линија, со финансирање ревизија на основниот проект и колекторскиот систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...