Работна средба за реализација на прекуграничниот проект „Дримски басен“

Охрид, 25 октомври 2016 (МИА) – Македонските претставници кои се вклучени во реализацијата на прекуграничниот проект за Дримскиот басен задутре во Охрид ќе одржат работна средба на која ќе се разговара за проблематичните точки во управувањето со Басенот, како и за моменталните состојби и влијанија.

На средбата, на која ќе учествуваат претставници од владините институции надлежни за управувањето со водените ресурси, јавните претпријатија, општините, научните установи и граѓанскиот сектор, ќе бидат идентификувани заинтересираните страни кои влијаат или трпат влијанија од прекуграничното управување со Дримскиот басен.

Дримскиот проект е сложен процес за управување на водените ресурски, осмислен да ги балансира интересите на многу сектори. Истовремено, тоа е и силен политички процес со учество на пет држави од регионот.

Главните цели на проектот се изготвување на Прекугранична дијагностичка анализа на Басенот, изготвување Стратешки акциски план и развивање на заедничка платформа за соработка, заеднички мониторинг систем, систем за управување со поплавите и пилот-проекти, меѓу кои и изработка на План за управување со сливот на Охридско Езеро.

„Дримскиот проект“ активно отпочна со имплементација во мај годинава со поддршка на Програмите за развој на ОН и Глобалното партнерство за води како директен спроведувач на Проектот, со учество на институциите од државите од Сливот застапени во „Дрим-Кор групата“ и експертски работни групи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...