Македонски средношколец деветти на Microsoft Office шампионатот во Орландо

Скопје, 25 октомври 2016 (МИА) - Македонскиот претставник на светскиот Microsoft Office шампионат во Орландо, средношколецот Марко Марковиќ,  освои деветто место во Microsoft Power Point 2013.

На светското финале учествуваа 120 натпреварувачи, а седуманесетгодишниот Марко ја претставуваше Македонија по победата на националниот Microsoft Office Specialist предизвик, што се одржа во мај годинава во организација на Certiadria.

- На натпреварот се бараше да се покаже знаењето колку обемно се знае програмата, со тоа што ни беа дадени најразлични задачи кои подоцна беа прегледани дали се точно извршени и со тоа се добиваа бодови и се оценуваа местата, изјави Марковиќ, кој е ученик во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“. Негов  ментор за натпреварот беше наставникот Жаклина Прекиќ.

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска му честиташе на Марковиќ за, како што потенцира, рангирањето меѓу најдобрите десет во светот од 700.000 учесници на националните натпревари.

- Ова покажува дека Република Македонија има свои играчи во дрим тимот на најдобрите светски програмери и Мајкрософт специјалисти, со оглед дека Мајкрософт  е една од најголемата информатичка компанија во светот. Ова доволно говори за податокот дека навистина  посветуваме сериозно внимание и даваме голем придонес како држава во развојот на младите информатичари, изјави Арсовска Томовска, потенцирајќи дека информатиката е најнаградувана научна дисциплина од државава.

Во финалето на националниот натпревар во Македонија имаше 40 учесници од над 1.000 пријавени кандидати кои се натпреваруваа во тестови по свој избор, Word, Excel, PowerPoint, а за победа покрај точните резултати се земаше предвид и потребното време за комплетирање на тестот.

Од Certiadria  најавија дека и годинава ќе организираат Mиcrosoft Office шампионат чие отворање е најавено на Microsoft конференцијата „Визија“ на 16 ноември. Целта е да се зголеми нивото на дигитална писменост и подготовка на младите да одговорат на потребите на бизнисот.

- Тргнавме од фактот дека младите што доаѓаат, на возраста од околу 25 години, се повеќе ќе бидат невработени, од причина што многу лесно ја користат ИТ технологијата во своето секојдневние, но за  користење на апликациите Word Excel, PowerPoint за бизнис цели не секогаш имаат доволно познавање, изјави Валентина Тасевска, претставник на Certiadria.

Знаењето што ќе се стекне, како што појасни, ќе се потврди со полагање меѓународен испит со кој се добива интернационално  признаен сертификат за дигитална писменост.

Организацијата на натпреварот ја поддржаа МИОА, Стопанска банка а.д Скопје, Град Скопје, Општина Струмица, Семос едукација, Микрософот Македонија и Здружението на информатичари на Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...