Без вода кавадарачките села Бојанчиште и Куманичево

Кавадарци, 25 октомври 2016 (МИА) - Несовесни лица по шести пат направиле штети врз објектите на водоводната линија за кавадаречките села Бојанчиште и Куманичево. Поради тоа, во моментов жителите на овие села се без вода за пиење, информираше денеска Марјан Прескакулев, раководител во Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци.

Тој појасни дека всушност се работи за оштетување на воздушните вентили на водоводната линија, со која водата за пиење се носи дваесетина километри до таму, од планината Кожуф.

- Апелираме до граѓаните да се престане со ваквото несовесно однесување на поединци. Наши екипи веднаш пристапија кон санирање на направените штети на водоводната линија. Интензивно се работи на терен, истакна Прескакулев, кој е раководител на организациската единица за водовод и канализација при претпријатието. 

Прескакулев рече дека се очекува во текот на утрешниот ден да се нормализира водоснабдувањето во овие две села.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...