СДСМ промовираше две мерки за младите

Скопје, 25 октомври 2016 (МИА) - Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска презентираше две мерки наменети за младите кои се во насока да се олесни нивното студирање и вработување.  

На средбата со младите во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, лидерот на СДСМ рече дека ја претставиле мерката за студентски град во кој ќе има студентски домови, фитнес сали, библиотеки, ресторани и бесплатен интернет, а се планира студентите да имаат и студентска картичка за користење јавни услуги.

Во однос на вработувањето на младите, Заев посочи дека предвидуваат директно помагање од државата за тренирање или практично подготвување на младите за влегување на работа во првите шест месеци по завршувањето на образовниот процес, а се предвидува и стипендирање на младите кои сакаат да продолжат на магистарски или на докторантски студии.

- Ваквиот сет на мерки претставува еден мал микро сегмент од она што го имаме предвидено за младите луѓе. Верувам дека ќе има многу вакви дебати и можности да дискутираме со младите луѓе, а и ги користиме овие локации, како библиотеки или пред самите студентски установи од домовите до универзитетите и факултетите, да дебатираме со младите за да можеме да ги презентираме нашите решенија, но и ние како политичари да научиме нешто повеќе од нив, рече Заев по средбата со младите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...