Германскиот заменик амбасадор ја посети фабриката „Дрекслмаер“

Скопје, 26 октомври 2016 (МИА) - Германската амбасада во Македонија и фабриката „Дрекслмајер“ во Кавадарци ќе спроведуваат заеднички хуманитарни проекти и ќе работат на развивање и поддршка на моделот на дуалното образование во средните училишта, кој компанијата веќе го спроведува.

Заедничките активности се договорени при посетата на „Дрекслмаер“ на заменик амбасадорот и раководител на економскиот оддел  во Германската амбасада во државава Марко  Акватичи.

Како што соопшти денеска „Дрекслмаер“, Акватичи се информирал за предизвиците со кои се соочува компанијата и се запознал со начинот на функционирање, производствените процеси, работните услови и воспоставените стандарди по кои работи.

- „Дрекслмајер“ е германска компанија која во Македонија вработува повеќе од пет илјади луѓе. Како еден од позначајните работодавачи во земјава, компанијата придонесува за развојот на економијата и намалување на невработеноста во овој регион. Драго ми е што во фабриката се работи според високи германски стандарди во сите области од производство, квалитет, работна средина, како и безбедност и заштита при работата, навел, како што соопштува компанијата, Акватичи при посетата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...