Павлопулос повторно за грчкиот карактер на Македонија

Атина, 26 октомври 2016 (МИА) – Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос очигледно има прецизно зацртана агенда во однос на прашањето за името на Македонија, со која потсетува на бескомпроминиот став на Грција и одлучно ја спроведува на секој свој јавен настап.

По третпат за неколку дена, Павлопулос денеска повторно зборуваше за „грчкиот карактер“ на Македонија, овој пат од Солун, каде присуствуваше на свечена литургија во црквата „Свети Димитрија“ по повод истоимениот празник и одблежеување годишнина од ослободувањето на градот.

- Денот на прославата на светиот спомен на заштитникот на Солун, Свети Димитрија, е годишнина на славниот пат на Солун, од една страна, за историјата на нацијата и православието, и второ, за неговата улога како буден чувар за грчкиот карактер на  нашата Македонија кој е неоспорлив и за кој не се преговара, изјави тој.

Павлопулос и минатата година за патрониот празник на Солун, даде иста изјава во која зборуваше за “грчкиот карактер на Македонија“.

Пред осум дена во Воден грчкиот претседател рече дека „Македонија била, е и ќе остане грчка“, а неколку дена подоцна, исто така во Солун рече дека „Македонија е една и е грчка“ и оти „ќе направи се за да го одбрани грчкиот карактер на Македонија“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...