Во Битола се одржаа „Отворени денови со Катастарот“

Битола, 26 октомври 2016 (МИА) - Агенцијата за катастар на недвижности денеска во Битола продолжи со акцијата „Отворени денови со Катастарот“ во која во неколку часа учествуваа 87 граѓани на кои им беше дадена стручна помош, комплетирање одредени барања и решавање проблеми.

- Граѓаните најчесто прашуваат за сосопственичките права произлезени од авионските снимања, легализација на нивните имоти и други прашања од имотно правната проблематика, истакна  директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.

Според Трпески, циклусот „Отворени денови со Катастарот“ овозможи да се добијат корисни информации од граѓаните кои како што рече биле преточени во измени и подобрување на Законот за катастар на надвижности.

- Оваа година имаме и новина, и покрај отворени денови со граѓаните организираме и отворен ден со приватните геодетски фирми како и за компании од државата. Циклусот „Отворени денови со Катастарот“ ќе се одвива до 2 февруари 2017 година, но уште еднаш апелирам граѓаните да го искористат дадениот рок до 31 декември 2016 година кога завршува процесот на легализирање на бесправно изградени објекти односно комплетирањето на документацијата вклучувајќи ги и геодетските елеборати, посочи Трпески.

Агенцијата за катастар на недвижности, како што беше истакнато на средбите, интензивно работи и на изработка на подземен катастар за кој интерес покажале неколку македонски компании кои вршат упис и вложуваат за премер на сопствената инфраструктура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...