Од граѓански сеф во банка одземени 40.000 долари

Битола, 26 октомври 2016 (МИА) -  Од граѓански сеф во Комерцијална банка-филијала Битола непознат сторител во периодот од 26 мај 2016 година до 21 октомври 2016 година одзел вкупно 40.000 долари.

Кражбата на 21 октомври 2016 година во 17:15 часот во Битола, ја пријавил Д.Ц. (35), кој бил полномошник по овластување на корисникот на сефот М.Т. (53), кој живеел во Канада, соопшти денеска МВР.

Пријавителот откако по пропишаната процедура, му било дозволено да има пристап до сефот, забележал дека ги нема ковертите и за тоа го информирал директорот на банката.

Сторителот на непознат начин и без оштетување го отворил сефот и одзел два бели коверти во кои имало по 20.000 канадски долари, односно вкупно 40.000 долари, сите во апоени од по 100 долари.

Во консултација со Јавен обвинител увид бил извршен на 24.10.2016 година од страна на ОКТУПА од полициска станица Битола и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...