Тркалезна маса за родово рамноправни мерки и буџети

Тетово, 26 октомври 2016 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски заедно со амбасадорката на Швајцарија во Македонија Сибил Сутер Тејада и регионалната директорка на телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените UN Women Ингибјорг Солрун Гисладотир и градоначалникот на општина Боговиње Хазби Идризи учествуваа на денешната тркалезна маса за родово рамноправни мерки и буџети на општинско ниво што се одржа во Камењане.

Според министерката Ременски родовата вклученост и родовото буџетирање имаат висок приоритет во нивната работа, но, како што рече, потребно уште работа на овој план.

- Настанот го организиараме во општина Боговиње како локална самоупрва каде заедно со општините Битола, Струмица и Скопје единствено се спроведува оваа програма и каде имаме добри практики за вклученоста на жените во општинските дејности. Апелирам и другите општини да го следат овој нивен позитивен пример, но, сепак покрај родовото планирање на буџетот мора да се работи и на подигање на свеста на жените за нивно активирање во општеството. Мора да се напомене дека досега мерките за самовработување на жените се финасиски подржани од меѓунардната заедница пред се УНДП, но и државата мора да го преземе својот дел бидејќи на подолг рок голем дел од бизнисите покренати од жени престанале поради неодржливост, истакна Ташевска - Ременски.

Мора, додаде таа, со државна, локална и меѓународна помош да ги разбиеме стеротипите на нашето традиционално општество за улогата на жената со што ќе се отвори и можност за нивно реализирање и за подобрување на состојбата во општсетвото на секој план 

Одговарајќи на прашање околу можноста за отворање на центар за згрижување на жртвите од семејно насислтво во тетовско министерката посочи оти во постојните центри условите се под стандардите и немаат капацитет за згрижување на жртвите од семејно насилство и другите ранливи категории за што, како што рече, во Министертсвото се презема подолгорочен прокет за планирање на локалции и можности за прифат на ваквата категорија граѓани.

Регионалната директорка на UN Women Ингибјорг Солрун Гисладотир истакна дека дека родовата еднаквост треба да биде добро отсликана  и во општинската администрација и во општинскиот буџет.

- Резултатите ќе бидат очигледни особено на локално ниво доколку сите учесници во процесот се вклучат во спроведувањето на ваква рамноправна политика, изјави Гисладотир.

Амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер Тејада посочи дека се многу посветени на општинскиот развој и децентрализацијата во Македонија.

- Исто така, посветени сме и на родовата рамноправност на локално ниво каде, според нас, токму рамномерната распределба на локалниот буџет е едно од клучните прашања за задоволување и на потребите на жените на определено подрачје, рече Сутер Тејада.

Градоначалникот на општина Боговиње Хазби Идризи рече дека денешниот настан е уште една потврда на нивната заложба за опфатот на жените од општината и во стопанството, политиката и другите сфери на живеењето и оти на тој начин уште повеќе се цени придонесот на жените во развојот на општината, нивните семејства и бизниси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...