Заев: За реализација останува уште една третина од буџетот

Струмица, 26 октомври 2016 (МИА) - Градоначалникот на oпштина Струмица, Зоран Заев соопшти дека останува за реализација уште една третина од буџетот на општината и оти досега се реализирани повеќе капитални проекти.

- Во јануари започна и се уште е во тек реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Климент Охридски“ вредна повеќе од 6,5 милиони денари. Тоа е тој остаток од старите азбестни цевки кои беа предвидени во МЕАП програмата. Секоја година заменуваме значаен дел вреден околу 100 илјади евра. Во завршна фаза е изградбата на системот за фекална канализација во населеното место Добрејци. Со овој зафат се изведуваат вкупно 10.760 метри канализациска мрежа со што ќе се покрие целото населено место, истакна Заев.

За овој, но и за останатите два система во населените места Дабиле и Просениково, обезбедени се 1.136.000 евра од Европската инвестициска банка.

Градоначалникот на Струмица најави и гасификација на нови делови од градот и намалување на цената на приклучок на 500 евра.

Осврнувајќи се на асфалтирањето на улиците и уредувањето на парковите, Заев посочи дека во завршна фаза е и реализацијата на проектот за 50 нови зелени површини во градот и населените места со кој е опфатена површина од 10 илјади метри квадратни. Почната е и реализацијата на проектот „Поддршка на старт ап бизниси за млади“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...