Романот „Дваесет и првиот“ на шест арапски саеми на книгата

Скопје, 27 октомври 2016 (МИА) - Арапскиот превод на македонскиот роман „Дваесет и првиот“ од Томислав Османли во издание на „Ал Араби“ ќе учествува на шест арапски саеми на книгата и ќе биде претставен на фестивалите на книгата во Алжир, Обединетата Арапска Република, Саудиска Арабија, Судан, Кувајт, Египет и Мароко. 

Книгата е веќе испратена на Самот на книгата во Шарџа, Обединети Арапски Емирати, на манифестацијата „Салон ду Ливре“ која се одржува во Алжир, потоа на Картумскиот саем на книгата во Судан и на фестивалот на книгата во Кувајт, како и на Саемот на книгата во Џеда, Саудиска Арабија.

Според најавата на издавачот на арапскиот превод, „Дваесет и првиот“ ќе биде презентиран и на Каирскиот саем на книгата, како и на мароканскиот Саем на книгата во Казабланка.

По двете македонски изданија, овој роман на Османли досега беше објавен во Хрватска, Црна Гора, Србија, Русија и неодамна во Египет.

Покрај печатеното издание, книгата на македонскиот автор ќе има и свое електронско издание на арапски јазик, исто така под знакот на големиот египетски и арапски издавач „Ал Араби“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...