Груевски во Лондон на средби со британски парламентарци

Скопје, 27 октомври 2016 (МИА) - Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од лидерот Никола Груевски во рамките на посетата на Лондон, Велика Британија,  оствари работна средба и ручек со повеќе лордови и пратеници од Британскиот парламент на која тема на разговор беа повеќе теми и области од интерес на Република Македонија.



На работниот ручек присуствуваа британскиот парламентарец Џефри Доналдсон кој е пратеник уште од 1997 година и член на европската конзервативна група на Велика Британија, лордот Мартин Каланан, член на комитетот за финансиски прашања во Домот на лордови во Велика Британија, лордот Марк Марлесфорд кој е во Домот на Лордовите повеќе од 25 години, пратеникот Даниел Квачински кој е и член на комитетот за надворешна политика, и доскорешен специјален советник на Дејвид Камерун за Централна и Источна Европа, пратеникот Крис Харис, како и пратеничката Шерил Гилан.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, соопштуваат од партијата, ги информираше присутните за реформите и чекорите кои се преземаат во сферата на економијата, за актуелните политички случувања врзани со политичката криза наметната од опозицијата, исполнувањето на стратешката цел на Македонија за членство во НАТО, како и предизвиците кои произлегуваат од мигрантската криза.

- Беше корисно да се биде таму, затоа што слушнаа многу значајни работи, и за Македонија и за регионот и за многу други области. Средбата беше корисна и за нас, не само за нашата партија, туку и за земјата од причина што дадовме податоци и информации за многу позитивни трендови во Република Македонија, но и за многу предизвици и начинот како гледаме на нив и како треба да се надминат и разрешат, изјави Груевски по средбата.

Пратеничката Шерил Гилан ја истакна британската поддршка за членство во НАТО и ги поздрави позитивните економски резултати на Македонија.

- Се надевам што побрзо да и посакаме добредојде на Македонија во семејството на НАТО. Пред неколку години кога прв пат се сретнав со Груевски, работејќи во Европската банка за обнова и развој, бев импресионирана за неговите планови во економијата и она што сакаше да го направи за намалување на невработеноста. Задоволство ми е што имав прилика да се сретнам повторно во Велика Британија и да чујам за неговите успеси во економијата и особено што успеа да ја намали невработеноста од огромни 38 проценти, на 24 проценти, изјави Гилан.

Сите знаеме, додаде, дека тоа е важно за сите граѓани и се надевам дека ќе биде успешен и во иднина, помагајќи да се забрза економскиот развој.

- Трговската размена  со Велика Британија е добра и имам одлични очекување за иднината. Во поглед на НАТО, македонските трупи се рамо до рамо во мисиите со војниците на Алијансата и тоа е добро за иднината на државата и целта за членство во НАТО, нагласи Гилан.

Лордот Каланан ги посочи потенцијалите за соработка и позитивните впечатоци од економските реформи кои се спроведуваат во насока на подигнување на стандардот кај граѓаните.

- Можностите за соработката се високи и одлични. Го респектираме правото на Македонија да влезе во ЕУ и НАТО. Се надевам дека ќе соработуваме во таа организација. Импресиониран сум од економските реформи кои ги спроведуваат и економскиот прогрес кој го постигнувате, истакна Каплан.

Во поглед на мигрантската криза, посочи, ја почитуваме вашата одлука да ја затворите границата за мигрантите и се радувам што сте на вистинската страна на Европа, наместо да бидете центарот на проблемот.

- Конечното решение треба да се бара во решавањето на проблемот во Сирија, но ние исклучително ја цениме вашата досегашна помош, потенцира Каплан.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се сретна со Дејвид Лидингтон, кој е актуелен лидер на Долниот Дом на Британскиот Парламент, и е доскорешен британски државен министер за Европа. Соговорниците разговараа за можностите за соработка, за актуелните случувања во Република Македонија и предизвиците со кој се соочува.

- Лидингтон ја посети Македонија од позиција министер во Владата на Англија, а сега е на висока позиција во Британскиот парламент. Имавме разговор со него, кој е човек што можеби има најголемо знаење за Република Македонија. Го информиравме за актуелните случувања, перспективите до изборите, но и  што треба и може да се очекува по изборите. Ги слушнавме и неговите размислувања и информации. Направивме се што можеме да ги пренесеме сите точни вистинити информации и размислувањата како се доаѓа до чекорите кои ги правиме или чекорите кои ги носиме или планираме да ги имплементираме, изјави Груевски по средбата.

Во текот на вчерашниот ден Груевски имаше средба и со Патрик Меклоглин, претседателот на владејачката и најголема партија во Велика Британија, Конзервативна партија и потпретседателот на партијата Марк Филд.

- На средбите во Конзервативната партија бевме со цел да воспоставиме добри релации со оваа партија, но и да информираме за Република Македонија, да дадеме прецизни информации на политички и економски план, да отвориме нови перспективи на соработка и да прецизираме за многу детали кои што не се познати тука. Станува збор за корисни средби со највисоките личности на партијата на кои детално ги информиравме за сите состојби во Македонија, предизвиците со кои се соочува и за она што може да го очекуваат и следува во нашата земја. Не само што беа партиски средбите, туку ги искористивме и да ја промовираме Македонија и да обезбедиме во иднина поголема поддршка за нашата држава од Конзервативната партија која е водечка тука во Велика Британија, изјави Груевски по состанокот.

Во партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ се и членот на Извршниот комитет Никола Попоски и пратениците Александар Николоски и Владимир Ѓорчев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...