Претставници од кумановскиот музеј во посета на Универзитетот Оксфорд

Куманово, 27 октовмри 2016 (МИА) - На покана на факултетот за класични студии на Оксфордскиот Универзитет, во Центарот за класични и византиски студии од 18 до 21 октомври во студиска посета престојуваа стручни лица од кумановскиот музеј, соопштија денеска надлежните од установата.
 
Во рамки на посетата предавање од областа на византиската арехеологија и уметност одржа археологот од Музеј Куманово Дејан Ѓорѓиевски.
 
- Во рамки на меѓународниот проект на истражување на локалитетот Костоперска Карпа, пак, одржавме работен состанок и ги прецизиравме насоките согласно кои ќе продолжат истражувањата за локелитеттот Костопоерска Карпа, изјави Дејан Ѓорѓиевски археолог од кумановскиот музеј.

 
Посетата на Оксфордскиот Универзитет се одржа на иницијатива на професор Ине Јакобс од University College – Оксфорд.
 
- На предавањето беа соопштени резултати од сопствените истражувања на археологот на кумановскиот музеј, а се однесуваат на ретки претстави на светители претставени на предмети од слонова коска и на една фреска од Македонија, изјави денеска директорката на музејот Анита Цветановска.
 
Во рамките на посетата, директорот на музејот и раководителот на проектот од македонска страна оствариле средби со партнерите од англиските универзитети, на кои биле прецизирани и плановите за натамошна соработка помеѓу институциите.
 
Воедно, од НУ Музеј била остварена и средба со директорот на античкиот оддел на Ashmolean Museum - др. Пол Робертс, на која била изразена иницијатива за меѓусебна соработка помеѓу институциите.
 
- На крајот беше заеднички заклучено дека ваквиот тип на соработка на Музејот Куманово со најдобрите светски универзитети и музеи претставува извонреден импулс за подготвување на нови проекти и афирмирање на македонската научна јавност во светски рамки, изјави Цветановска.
 
Кумановскиот музеј веќе трета година го истражува локалитетот „Костоперска карпа“ во соработка со археолози од овој универзитет, а пред две години музејот потпиша договор со три универзитети од Велика Британија, Оксфорд, Сауттемптон и Единбург. На истражувањата беа постигнати значителни резултати и беа применети мерки коишто дотогаш не беа применети во истражувањата. Посетата е финансиски поддржана од Министерството за култура и помогната од Фондацијата Кирил Трајковски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...