МЕПСО ќе набави нова примарна високонапонска опрема

Скопје, 27 октомври 2016 (МИА) - Македонскиот електропреносен систем оператор АД МЕПСО денеска склучи договор за набавка на нова примарна високонапонска опрема за потребите на трансформаторски станици од преносната мрежа во вредност од 1,87 милиони евра.

Како што информираат од компанијата, тоа е прва набавка која е дел од проектот за ревитализација и за модернизација на преносната мрежа што МЕПСО го реализира во кредитен аранжман со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

- Најповолен понудувач на меѓународниот тендер е конзорциумот на компаниите: „Елнос“ од Србија и „Кончар – мерни трансформатори“ од Хрватска. По тој повод договорот за набавка денеска во Скопје го склучија Ацо Ристески, член на Управниот одбор и директор на подружницата Оператор на преносна мрежа во МЕПСО, Жарко Рончевиќ, директор за продажба во „Елнос“ и Анте Рогозина, претседател на Управниот одбор на „Кончар – мерни трансформатори“. Вредноста на договорот е 1,87 милиони евра, соопшти МЕПСО.

Со овој договор, прецизираат од компанијата, се врши набавка на прекинувачи, раставувачи, мерни трансформатори и одводници за пренапони кои ќе бидат инсталирани во 400 киловолтната и 110 киловолтната преносна мрежа на АД МЕПСО.

- Ова е прва од низата компоненти од проектот за ревитализација и за модернизација на преносната мрежа што опфаќа: реконструкција на далекуводи, набавка и имплементацијата на опремата и софтверските аликации за видео надзор над електоренергетските објекти, набавка и инсталација на системи за напојување, заштита и управување како и замена на старо земјоводно јаже со ново OPWG јаже со интегрирани оптички влакна за пренос на податоци, потенцираат од АД МЕПСО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...