Иванов на одбележување на 70-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина

Скопје, 27 октомври 2016 (МИА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од утре до 30 октомври ќе престојува во работна посета на Република Србија, по повод одбележувањето на јубилејот „70 години од доселувањето на Македонците во Војводина“.

Во рамки на централната прослава по повод одбележувањето на големиот јубилеј „70 години од доселувањето на Македонците во Војводина“, во Панчево, ќе биде одржана Свечена академија, на која обраќања ќе имаат претседателите на Македонија и на Србија, Ѓорге Иванов и Томислав Николиќ. На јубилејната прослава ќе биде засадено „Дрво на пријателството“ и ќе биде потпишан протокол за збратимување на општина Македонски Брод и месната заедница Јабука. Во рамки на прославата ќе биде посетена изложбата на уметнички дела на академскиот сликар Павле Кузмановски и ќе биде приредена богата културно-уметничка програма.

Во Белград, утре претседателот Иванов ќе оствари средби со српскиот претседател Николиќ и со премиерот Александар Вучиќ. На средбите, како што соопшти Кабинетот на Иванов, ќе биде разговарано за можностите за продлабочување на билатералната и регионалната соработка, како и за актуелните случувања во двете земји и предизвиците со кои се соочува регионот.

Во рамки на работната посета ќе биде одржан македонско-српски бизнис форум на кој ќе учествуваат дваесетина компании од Република Македонија, од фармацевтската, прехранбената, металната, градежната индустрија, како и од областа на информатичките технологии, графичките дејности и транспортните услуги. На отворањето на бизнис форумот, кој ќе се одржи во Белград, ќе се обратат претседателите Иванов и Николиќ, како и претседателите на Стопанските комори на Македонија и на Србија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...