Отворен Вториот Саем за студии и туризам „Добредојде во Франција!“

Скопје, 27 октомври 2016 (МИА) - Запознавање со можностите за студирање на врвните француски образовни институции, но и за туристичко откривање на Франција е целта на Вториот по ред Саем за студии и туризам „Добредојде во Франција!“, што денеска го организираат Францускиот институт во Скопје и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.

На отворањето на манифестацијата се обрати амбасадорот на Франција во РМ, Кристијан Тиомоние, кој истакна дека саемот претставува отворена врата кон Франција.

- Во рамките на мојата кариера никогаш немам сретнато некој кој што има лоши спомени од неговото студирање во Франција. Може да се каже дека некои работи им се допаднале повеќе, некои помалку, но глобално земено никој не чува некој лош спомен. Токму од тие причини Франција останува трета земја по прифатот на бројот на студенти од странство и тоа е прилика за сите студенти кои што доаѓаат во Франција да направат мрежа на пријатели не само во Франција туку и во целиот свет, истакна амбасадорот Тимоние.

Покрај Париз како голем универзитетски центар, тој истакна дека одлични можности за студирање постојат и во другите големи градови во внатрешноста на земјата каде квалитетот на животот  за студентите од економски аспект е далеку поповолен.

Тимоние ја подвлече и улогата на поранешните студенти кои денес заземаат високи позиции во Македонија и во Франција и придонесуваат за развојот на односите меѓу двете земји.

Директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“ Иван Заров во своето обраќање подвлече дека за големото реноме на француското образование денес сведочат и големиот број на сегашни воспитаници, алумни на еминентни фарнцуски образовни институции кои на најдобар начин го афирмираат високиот квалитет и најактуелните тенденции и дострели на современиот интелектуален, научен, општествен, политички, културен живот на Франција, кои рече, се вистински промотори на француското образование во Македонија  

Денеска беше промовирана и платформата „Франс Алумни Македонија“, на лица кои студирале во Франција како можност за нивно вмрежување и зближување.   

Саемот, според организаторот, е одлична прилика за запознавање со сите можности за студирање во Франција, со програмите за стипендии и практичните прашања за студентскиот живот директно од претставниците на француските универзитети и студенти кои завршиле на престижните француски универзитети, потоа за добивање информации за ниските школарини и едноставните процедури при упис и особено за можностите за студентска пракса во француски компании во земјава и надвор од неа.

Освен информации за студии во Франција,  посетителите на саемот можат да се започнаат и со туристичкиот потенцијал на Франција како прворангирана светска туристичка дестинација, преку презентација на регионите Корзика, Нормандија и Алзас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...