Спасов: На 11 декември ќе славиме една голема победа

Скопје, 27 октомври 2016 (МИА) – На 11 декември граѓаните на Република Македонија победата ќе ја донесат за ВМРО-ДПМНЕ и ќе славиме една голема победа со над 63 освоени пратеници. Граѓаните ги препознаваат нашите дела и ги знаат стотиците реализирани проекти кои изминатите 10 години влијаеја значително да се подобри квалитетот на нивниот живот во секој сегмент.

Ова денеска го истакна претставникот од ВМРО-ДПМНЕ Диме Спасов, кој оствари средба со жителите на Драчево, општина Кисела Вода.

- Граѓаните знаат дека макотрпно се боревме за да ја намалиме невработеноста во нашата држава и да отвориме голем број на работни места. За споредба, ако земеме само во Град Скопје во 2006 година имаше околу 170.000 вработени лица, додека денес бројот на вработени изнесува над 238.000 граѓани, жители на Скопје што е нови 68.000 отворени работни места само на територијата на Град Скопје, рече Спасов.

Ова, како што рече, е еден показател од многуте кој ги докажува позитивните резултати на политиките за креирање нови работни места изминатите години. Потенцира дека тоа е број на отворени нови работни места или над 39 проценти само во нашиот главен град.

- Од друга страна, граѓаните многу добро ги препознаваат лагите на СДСМ. Знаат дека тие се спремни и сешто да ветат само за да се дограбат до власт и да ги реализираат нивните планови за разнебитување на нашата држава. СДСМ нема кредибилитет да ветува, нагласи Спасов. 

Тој потсети дека граѓаните многу добро ги паметат лажните ветувања на СДСМ дека ќе отворат ново работно место во секое семејство што, како што рече, апсолутно не беше реализирано.

- Граѓаните ги паметат затворените стотици фабрики, над 200.000 семејства кои останаа без работа и највисокиот процент на невработеност во нашата држава во 2005 година на околу 38 проценти од населението, кое е работоспособно, потенцира Спасов. 

За разлика од тоа, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да ги реализира проектите и програмата за подобрување на животот на секој граѓанин во нашата држава.

- Ќе продолжиме да отвораме нови работни места и да работиме на позитивни проекти во секој сегмент од животот на граѓаните. Токму поради тоа на 11 декември ќе славиме една голема победа за сигурна иднина на Република Македонија, рече Спасов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...